ПРВ И ЕДИНСТВЕН
ИЗЛОЖБЕН САЛОН ВО
ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

Во срцето на самата компанија се раѓа идеа за изградба на изложбен салон, се со цел на клиентите да им овозможиме тоа што го замислиле да можат да го видат. Таа идеа почнува со реализација уште во март 2018 година. Тука се испреплетуваат иновативноста, креативниот ум и успехот на повеќе архитекти.

Голема благодарност до тимот кој беспрекорно функционира уште од самиот почеток на нашата компанија, а е заслужен за 80% од вложените човечки ресурси во изградбата на истиот за да после една година уживаме во еден модерен, софистициран, функционален салон кој е единствен во Источна Македонија.