The best bookmaker bet365

Дървен материал от www.emsien3.com

СТАКЛО

Флот Стакло

  • Безбојно рамно стакло кое најмногу зазема употреба во стакларството.
  • Се користи за изработка на тремоизолациони стакла, да се ламинира да се кали, да се бруса,да се фазетира,да се вие и друго.

 Дебелина на стаклото: 2,3,4,5,6,8,10,12,15,19mm.

Термоизолационо стакло

Термоизолационото застаклување претставува единица составена од две стакла застаклени во фабрика, разделени со херметички затворен простор што содржи воздух или илозирачки гас. Главна цел на овој стакло пакет е да се искористат изолациските својства на просторот со воздух или гас за намалување на коефициентот на пренесување на топлината.

Двослојно застаклување:

  • Две стакла
  • Дистанцер за дефинирање на просторот меѓу двете стакла направено од алуминиум.
  • Просторот меѓу двете стакла е исполнет со воздух или гас.
  • Водонепропустлива брана од бутил, поставена на страните на дистанцерот кои се во контакт со стаклото.
  • Втората водонепропустлива брана или пломба што ги поврзува стаклата со дистанцерот има функција за механичко вкрутување на системот. Пломбата е направена од полисулфитд(PS) полиуретан (PU) или силикон.
  • Средство за сушење поставено во дистанцерот кое има функција да го суши гасот заробен во моментот на затнувањето на стаклото со дистанцерот и да ја суши евентуалната влага навлезена од надворешната страна на пломбата.

За подобрување на топлинскоизолациските својства како второ стакло го употребуваме нискоемисионото стакло (low-E).

Трослојно застаклување со високи перформанси.

Бидејќи присуството на воздушен слој во стакло пакетот ја зголемува изолационата моќ, следниот чекор во подобрувањето на перформансите на двослојното застаклување е употребата на стакло пакетот од три стакла со што се формираат два воздушни слоја.

Ваквото решение се применува кога се бараат многу ниски вредности помали од U 1.0 W/m2K.

Карактеристики за стакло

Стакло 4 сезони

Стаклото се вика 4 сезони затоа што нуди комфорт и заштеда на енергијата преку целата година.

Карaктеристики:

  • Во Пролет дава повишен конфорт – тремоизолацијата осигурува идеална температура.
  • Во Летото благодарение на функцијата “соларна контрола”, Planitherm 4 S одбива двапати повеќе сончева енергија во споредба со нормален стакло пакет.
  • Во Есента овозможува намалување на сметките поврзани со греењето.
  • Во Зимата термоизолациониот стаклен пакет со стакло Planitherm 4 S предлага трипати повисока термоизолација во споредба со обичните стаклени пакети.

Предностите се следните: се намалува загубата на топлина и се намалува студената зона во близината на прозорците.
Идеална температура – комфортот и ладењето се осигурани дури и во најжешките денови, ја намалува потрошувачката за климатизација.

 

Парасоли

  • Флот стакло обоено во масата (Парсол)
  • Се произведува во неколку бои и тоаПлава, Зелена, Бронза и во други нијанси.
  • Неговата преработка ги содржи истите карактеристики како кај чистото флот стакло.
  • Дебелина на стаклото: 4,5,6,8,10 mm

Стопсоли

  • Рефлектни стакла кои нудат приватност и визуелен комфорт.
  •  Ова стакло е комбинација од соларна контрола и светлосна пропустливост во различни бои (clear, bronze, green, gray, supersilver green, supersilver gray, supersilver darkblue, Silverlight privabliue, supersilver clear…).
  •  На архитектите им пружи неограничена креативност(калење, ламинирање, виење...)
  •  Може да се застаклува како единечно, во комбинација со ниско емисионо како термоизалационен стаклен пакет и застаклување на стаклени фасади.
  • Важно е да се напомене дека stopsol премазите немаат ефект како фактор со ниска емисија.

Дебелина на стаклото: 4-5-6-8mm

Ламинирано стакло

  • Составено од две или повеќе стакла меѓусебе споени соPVB(polyvinyl-butural) фолија, која ја овозможува цврстината кај ламинираното стакло.
  • Стаклото овозможува максимална сигурност за вас и за околината.
  • Неговата изработка може да се комбинира со сите видови стакла и во различни дебелини и слоеви во зависност од потребите.
  • Претежно се употребува во изработката на фасадните стакла како второ заштитно стакло. Се уптребува и како заштитно стакло од :пожар (пламен) , звучна изолација и друго.

Дебелина на стаклото: 3.3.1, 4.4.1, 5.5.1, 8.8.1, 10.10.1 и други дебелини во различност од потребите, во димензии 6000x3210mm.

Online bookmaker Romenia betwin365.webs.com