Рехау еуро дизајн 70

Рехау Еуро Дизајн 70 mm – систем за објекти

Системот Еуро Дизајн 70 ги нуди најдобрите услови за објекти. Со докажаниот РЕХАУ стандарден квалитет Еуро Дизајн 70 е економичен систем. Многубројните форми, бои, декори, дизајнирани крила овозможуваат индивидуални обликувања на прозорецот.

Прозорски систем со 70 mm длабочина на вградување

Прозорскиот систем ЕУРО ДИЗАЈН 70 има голем избор на можност за дизајн на прозорецот. Благодарение на 70 mm длабочина на вградување е совршено наменет за реновирање на стари објекти.

Предности:

  • Економичен систем за различни намени
  • Површина (HDF): висококвалитетна, мазна и лесна за одржување.
  • Кос фалц во рамката за подобро истекување на водата и полесно чистење
  • Оптимални статички карактеристики преку челично армирање со голема длабочина на вградување
  • Еколошки производ, со тоа и можност за рециклирање

 

Карактеристики:

  • Длабочина на вградување: 70 mm
    Број на комори: 5 комори
  • Топлинска изолација:
    Uf = 1,3 W/m²K (Еуро Дизајн 70 со стандардно армирање)
    Uf = 1,2 W/m²K (Еуро Дизајн 70 плус со термички разделено армирање)
  • Звучна изолација до Rw,P= 45 dB
  • Заштита од кражба: до класа на отпор 2 (ENV 1627)
  • Пропустливост на воздух: Класа 4 според EN 12207
  • Заштита од поројни дождови: до класа 9A според EN 12208