ЗА НАС

         Фирмата Ал Пан ДООЕЛ е основана на 10.07.2000 год. во Штип и успешно работи на просторите на Р.Македонија и на бившите југословенски простори во областа на изработка и поставување на Алуминиумска и ПВЦ дограма.

Од година во година фирмата работи во усовршување на квалитетот на своите производи и притоа се труди да ги задоволи барањата на своите клиенти. Со тек на годините Ал Пан прави големи инвестиции во изградбата на погонот, се стекнува со нови и современи технологии за изработката на столаријата.

        За нашиот квалитет говорат и безброј приватни објекти ширум државата и надвор од неа. Нашата визија е создавање мир и комфорт во домовите и деловните простории на нашите клиенти. 

Тимот на Ал Пан секоја година ги посетува  најголемите саеми за градежништво во Европа, исто така секоја година се посетуваат семинари, симпозиуми и курсеви за обука  од нашата област, се следат сите новитети кои се поврзани со изработката на Пвц и Алуминиумска  столарија.

Во срцето на самата компанија се раѓа идеа за изградба на изложбен салон, се со цел на клиентите да им овозможиме тоа што го замислиле да можат да го видат. Таа идеа почнува со реализација уште во март 2018година. Тука се испреплетуваат иновативноста, креативниот ум и успехот на повеќе архитекти. Голема благодарност до тимот кој беспрекорно функционира уште од самиот почеток на нашата компанија, а е заслужен за 80% од вложените човечки ресурси во изградбата на истиот за да после една година уживаме во еден модерен, софистициран, функционален салон кој е единствен во Источна Македонија.

НИЕ НЕ ПРЕПРОДАВАМЕ, НИЕ ПРОИЗВЕДУВАМЕ!

ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА

078 333 969